Како да го одберете вистинкиот тросед за Вас?

Во модерното време троседот се користи за многу повеќе работи, освен за одмор на нозете и опуштање во текот на денот. Затоа е важно да се избере вистинскиот.

Размислете за функцијата на троседот
Размислете за вашиот животен стил и како ќе го користите троседот. Дали тој ќе биде сместен во дневната соба, спалната соба или детската соба? Дали имате деца или домашни миленици, и колку напор би вложиле во оддржување? Колку луѓе би седеле на троседот? Некои троседи имаат вграден простор за складирање, така што ќе имате поголема корист од тоа парче мебел.
 
Големина на троседот
Измерете ја просторијата и пресметајте колку голем тросед  можете да поставите во собата. Две мали софи или една голема и неколку фотелји можат да значат многу. Размислете како ќе го внесете троседот во Вашиот дом. Некои троседи го олеснуваат процесот, бидејќи доаѓаат во делови.
 
Облик и дизајн на троседот
Ако сте личност која сака да се релаксира и да се одмори,  тогаш дефинитивно треба да барате торсед кој има ниски страни и многу удобни перничиња, а доколку сте личност која повеќе ќе седи на троседот, тогаш исправени форми со грбни перничиња се подобри за вас.
 
Проверете ги стиловите и удобноста на троседот
Обликот на троседот, дури и бројот на перници може да значи многу за целокупниот изглед на собата. Во помалите простории, софи кои имаат криви страни овозможуваат илузија на повеќе простор, а една или две перници даваат чист, модерен изглед, додека три или повеќе даваат традиционален изглед.
 
Материјал
Платнената ткаенина е најдобра за софи, и трае подолго од некои со печатен дизајн. Волната е мека, додека кадифето е нежно и дава луксузно чувство. Ленот е еден од најтрајните материјали за софи, додека памукот доаѓа во најразлични бои и лесно може да се меша со други материјали. Кожата е силна, лади во лето и се загрева во зима, и ако се одржува правилно, може да трае цел живот. Технологијата е напредна и денес можете да најдете различни типови на кожа, од четкана, „античка“, до мазна и мека. Постојат неколку типови на кожа, па затоа би било најдобро да побарате експерт за типот што одговара на вашите потреби. Микрофибер е влакно кое дава луксузно чувство бидејќи е слично на велур. Тој е неверојатно силен и лесен за одржување. Совршен за многу домаќинки.
 
 Размислете за полнењето на троседот
Пената има силна форма и изглед, и цврсто ќе ја задржи својата форма. Перниците исполнети со пердуви се меки и удобни и ќе имаат неформален изглед. Комбинацијата на пердуви и пена во перничињата на седиштата е многу удобно и меко решение. Плус оваа комбинација ја задржува својата оригинална форма.