Корисни совети за уредување на домот

Ова се неколку идеи како да го преуредите вашиот домот кои можат да ви послужат за инспирација и за некоја ваша оригинална идеја. Преуредувањето на домот воопшто не мора да е скапо, долготрајно и заморно. Еве 5 едноставни и евтини идеи со кои во еден викенд можете да добиете целосно освежен стан:

1. Растенија и детали
Уредувањето на домот е индивидуален процес, па вие сами најдобро ќе знаете што сакате и какви детали сакате да видите во него. Собното растение, доколку сакате да се грижите за него, секогаш е згоден и посакуван детал. Другите детали, како слики, рамки, огледала и слично, ќе морате сами да ги изберете. Но тоа и е најзабавниот дел од работата.

2. Употребете книги
Книгите со дебели корици сложете ги една врз друга, на врвот поставете шперплоча и ќе добиете столче кое можете да го употребите како што сакате. Ако некоја книга пак ви затреба, само ќе ја извлечете и по читањето ќе ја вратите назад.

3. Поиграјте се со боите и формите
Поиграјте се, комбинации има безброј, а ако сакате да бидете сигурни дека нема да згрешите изберете боја која е контрастна на бојата на вашиот мебел. Ако имате соба целосно со бели ѕидови, монотонијата ќе ја разбиете доколку еден ѕид бојосате во некоја поведра боја.

4. Употребете декоративни перници
Ако сте креативни и вешти, навлаките за перничињата можете да ги сошиете и сами и така да го менувате изгледот на вашиот престој кога ќе ви падне на памет. Освен на троседот, перничињата за седење можете да ги прицврстите и на столиците во кујната.

5. Нови килими

Ако набавите помал килим кој ќе го ставите под столчето за кафе или на страна на креветот во спалната соба, навистина не е скапа инвестиција, а за просторијата ќе направите чуда.

 
 


 

Поврзани блог статии