Препорачано

Мали промени за освежување на домот

Нашиот дом, а особено дневната соба е просторија во која го поминуваме најголемиот дел од нашето слободно време.
 
Ако некогаш помислите дека Ви е потребна некоја мала или голема промена во вашиот живот, тогаш зошто да не започнете со просторот во кој живеете?
Најпрво, што се однесува до ориентацијата во просторот, потребно е да се потпрете на неговата функционалност. Треба да земете во предвид дали се работи за мала или пространа дневна соба и што мислите дека е најважно да се најде во истата.
 
Кога станува збор за помали станови. треба да го пронајдете најдоброто решение кое нема да зафаќа премногу простор.
Светлината и бојата се исто така многу важни. Светлите бои ги зголемуваат просториите, додека потемните визуелно ги намалуваат. Светлите соби се секогаш попријатни за престој, па дури и ако нема доволно природна светлина во станот, секогаш можете да размислите за алтернатива во форма на дополнително осветлување. Одличен избор се боите како виолетова, зелена, портокалова и жолта.
 
Можете да размислите да ги освежите ѕидовите со тематски тапети кои стануваат сè попопуларни поради нивната цена и практичност. На овој начин просторот ќе изгледа посвеж, а доколку оваа идеја не ви се допаѓа за неколку недели, лесно ќе можете да го вратите изгледот на вашата дневна соба во првобитната состојба.
 
Малите работи кои исто така не бараат многу пари, но прават голема разлика во секојдневниот живот, се украсните елементи. Можете да вметнете нов тепих, рамки за семејни фотографии и украсни кутии. Огледалата се исто така многу практичен додаток, бидејќи тие визуелно ги зголемуваат просториите.
 
Цветовите и растенијата секогаш се убав детал во секој дом.  Можете да се одлучите за елегантна вазна која ќе ја надополните со природно цвеќе или пак да одберете од големиот избор на вештачки цвеќиња и растенија кои можеби нема да мирисаат толку убаво во вашата дневна соба, но сепак ќе придонесат за разубавување на атмосферата.