Сива и жолта боја за поголема хармонија во домот.

Жолтата и сивата боја се совршена комбинација за уредување на домот. Тоа се независни бои кои совршено се надополнувааат една со друга и внесуваат светлина и мир во домот.

Трендовите на внатрешен дизајн често се менуваат и затоа треба да се внимава да не се претера со доминацијата на било која боја. Секоја толку силна и богата боја како што се сивата и жолтата би била преголем избор за украсување на целата соба. Подобро е овие бои да ги користите за детали кои ќе се истакнат во просторот. Тоа може да бидат перници, ќебиња, светилки или декорации.

Поради суптилност, дизајнерите на ентериер препорачуваат при изборот на поголеми парчиња мебел како што се гарнитурите и троседите, приоритет да се даде на сивата боја, а потоа да се користат  жолти детали за да се нагласи сивилото.

Доколку го реновирате дом, еден од начините целосно да го промените изгледот на собата е со тапети и шарени ѕидови, а тука сивата, жолтата или комбинацијата од тие бои се одлични опции.

Малите украсни предмети се идеални за детали кои ќе ја оживеат просторијата и ќе ја нагласат вашата личност. Еден начин да ги внесете тие бои во вашиот дом е, на пример, сива вазна со суви жолти цветови. Едноставно, но ефективно. Има и други детали како столна ламба, слика на ѕидот, лустер итн.

Секако, не мора целиот ваш дом да го претворите во сиво-жолта оаза. Овие бои одлично се комбинираат со други бои кои (можеби) веќе ги имате во вашиот дом. Освен со жолта, сивата боја изгледа одлично во комбинација со виолетова, темносина, зелена и црвена боја. А жолтата боја одлично оди со сина, црна и бела боја. Опциите се многубројни.