Како да го одберете идеалниот душек?

Добриот сон е основа за здравјето на целиот организам, а правилниот избор на душек, наддушек или перница е вистинскиот чекор во реализацијата на тој план. Доколку не сте сигурни што ви е потребно и на што треба да обрнете внимание, тука сме да ви помогнеме.

Според истражувањата на експертите, повеќе од 57 отсто од луѓето лошо спијат, а повеќе од 60 отсто од испитаниците имаат болки во грбот и вратот кога ќе се разбудат.

Затоа е исклучително важно да се запрашате, дали добро спиете. Душекот и перницата се почетна точка за секој совршен одмор и утринско будење. А добриот сон е основа за здравје на целиот организам и затоа треба да се посвети посебно внимание при изборот на добар душек, наддушек и перница.

Наша препорака е да изберете душек што ќе одговара на вашите потреби, а потребите не се секогаш исти. На некои им одговара потврда подлога за спиење, а на некои помека, па затоа при изборот на душек внимавајте на неговите основни карактеристики. Важно е да се потрудите душекот да биде антиалергенски и антибактериски, исто така важен е и изборот на составот на јадрото на душекот, како и навлаката. Во зависност од креветот што го имате, можете да изберете единечни или дупли душеци. Исто така можете да ги избирате степенот на мекост и висина на вашиот душек.

Доколку не сте во можност да го замените душекот, тогаш вистинско решение за вашиот проблем е купувањето наддушек. Со тој потег покрај што ќе го освежите својот дотраен кревет за спиење, вие ќе го решите и проблемот со лошото спиење и болките во грбот. Меѓу наддушеците можете да изберете различни варијанти од тие со посебно приспособена поддршка на клучните делови на телото, до тие со јадро за терморегулација на телото и полнење со гел.

Она што дава посебна нота на одморот и добриот сон е перницата. Изборот е ваш, во зависност од тоа дали сакате анатомски обликувана перница, која ќе одговара на контурите на вашиот врат или перница со класичен облик. Како и при изборот на душеците и на наддушеците голем е спектарот на карактеристики што ги поседуваат перниците за да можат да ви ги дадат потребната и правилната поддршка при спиењето.